„Avatar: The Way of Water“ заработи над милијарда долари за две недели
Филмот „Avatar: The Way of Water“ заработи над милијарда долари за само 14 дена откако почна да се прикажува во киносалите ширум светот. Според последниот податок, остварувањето има вкупно 1,03 милијарди долари на својата сметка.
Препорачано
Продолжението на најуспешниот филм на сите времиња од 2009 година, „Avatar“, се прикажува од 16 декември, а по вториот викенд во кината ја достигна границата од милијарда долари. За само две недели, тој стана третиот филм со најголема заработка во 2022 година, зад „Top Gun: Maverick“ и „Jurassic World: Dominion“.
View this post on Instagram
Така, вториот дел би можел многу наскоро да ја надмине вкупната заработка на првиот „Avatar“ филм, којшто заработи над 2,9 милијарди долари, што го прави филм со најголема заработка на сите времиња.
Просечната оценка на ИМДБ за продолжението, од околу 140.000 гледачи, е 8 од 10.
View this post on Instagram
Дејството се случува 10 години по настаните од првата приказна. Режиран од Џејмс Камерон, а продуциран од него и Џон Ландау, во филмот глумат и Сем Вортингтон, Зои Салдана, Сигурни Вивер, Стивен Ланг и Кејт Винслет.
За сценариото се заслужни Камерон, Рик Јафа и Аманда Силвер.


