АТП Мастерс: Шварцман за титулата против Ѓоковиќ во Рим

Фото: EPA-EFE/Clive Brunskill/POOL

Вечерва дозна и вториот патник во големото финале на Мастерс турнирот во Рим, Диего Себастијан Шварцман со резултат 2:1 во сетови 6:4, 5:7 и 7:6 (4) го совлада Денис Шаповалов.

Аргентинецот за три часа и 13 минути игра успеа да го елиминира Канаѓанецот и закажа финале против најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ. Завршната пресметка на турнирот во Италија ќе се одржи утре (21 септември) со почеток од 17.00 часот.

Српскиот тениски ас Ѓоковиќ освои 80 турнири, од кои 35 од серијата „Мастерс 1000“, а четири во Рим. Во случај на триумф овој викенд Ноле ќе се одвои на првото место на табелата на сите времиња по бројот на освоени турнири од серијата „Мастерс 1000“, моментно тој и Шпанецот Рафаел Надал го делат првото место со по 35 трофеи.

Ѓоковиќ ќе игра за петтата титула во Рим

За Шварцман ова ќе биде прв настап во финале на некој од турнирите од серијата „Мастерс 1000“. Досега овој 28-годишен тенисер освои три турнири, а уште петпати излегуваше како поразен во финалните мечеви на АТП турнирите.

Двајцата тенисери досега се сретнаа четири пати и во сите дуели триумфираше Србинот. Последен пат Ѓоковиќ беше подобар со 3:0 годинава на „Австралија опен“.

Да додадеме уште дека во женското финале (понеделник, 14.30 часот) ќе играат Каролина Плишкова и Симона Халеп. Првата носителка од Романија, Халеп со 6:3, 4:6 и 6:4 славеше против Гарбиње Мугуруза (Шпанија), додека Плишкова во чешкиот дуел беше подобра од Маркера Вондрушова (6:2, 6:4).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот