Ѓоковиќ ќе игра за петтата титула во Рим

Фото: EPA-EFE/Riccardo Antimiani/POOL

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Мастерсот во Рим откако денеска со 2:0 во сетови 7:5 и 6:3 го елиминираше Каспер Руд од Норвешка.

После два часа голема борба, со многу осцилации, но и судиски грешки, првиот светски рекет Ѓоковиќ на крајот триумфираше за негово 10 финале на турнирот во Италија.

Српскиот ас ќе се бори за петтата титула во „Вечниот град“, прва од 2015 година.

Ноле ќе се обиде шампионски да се загрее за новиот настап на грен слем турнирот „Ролан Гарос“.

Во борбата за трофејот Србинот ќе игра против подобриот од втората полуфинална пресметка (19.00 часот) помеѓу Диего Шварцман и Денис Шаповалов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот