Фото: Општина Аеродром

Атмосферска канализација ќе добијат три улици во Лисиче

На три улици во Лисиче во наредниот период ќе се гради атмосферска канализација. Советот на Општина Аеродром на вчерашната седница донесе одлука да се започне со реализација на капитален проект со кој ќе се реши деценискиот проблем со атмосферските води во населбата, односно беше изгласана одлука за примање донација за изготвување урбанистички проект за инфраструктура и идеен проект за атмосферска канализација на улиците Божин Николов, Ѓорѓи Капчев и Тодор Чангов.

Станува збор за многу значаен проект што ќе го реши проблемот на жителите од овој дел на Аеродром кои и при помал дожд стравуваат од поплави на нивните домови. Општина Аеродром останува посветена на решавање на сите прашања со кои се соочуваат аеродромци и на создавање најдобри услови за живот и работа на секој жител – информираа од Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот