Аталанта ја растури Валенсија, Нагелсман го надмудри Мурињо (ВИДЕО)

twitter/UEFA Champions League

Италијанскиот тим со убедливи 4:1 ја совлада Валенсија додека Лајпциг победнички си заминува од Лондон по првите осминафинални натпревари во Лигата на шампионите.

Фудбалерите на Аталанта вечерва направија голем исчекор во пласманот во четвртфиналето откако со убедливи 4:1 ја совладаа Валенсија.

Самиот почеток на натпреварот покажа како ќе се одвива натпреварот на „Сан Сиро“, Аталанта доминираше, постојано вршеше притисок на противничката половина па веќе во осмата минута преку Пашалиќ имаше одлична шанса да поведе.

Тоа што го пропуштија во осмата го реализираа во 16. минута, на асистенција на капитенот Гомез, Хатебур не промаши од пет метри и донесе водство за Аталнта. До крајот на првиот дел, Иличиќ во 42. минута ја зголеми предноста на Италијанците.

На стартот од второто полувреме за само пет минути, фудбалерите на Аталанта постигнаа два гола и ги решија дилемите околу победникот. Прво во 57. минута Фројлер донесе водство од 3:0, а пет минути подоцна Хатебур уште еднаш погоди.  Валенсија до крајот на средбата успеа само да го ублажи поразот со голот на Черишев во 66. минута.

Во вториот натпревар Лајпциг како гостин со 0:1 го совлада Тотенхем. Најмладиот тренер во историјата на елиминациската фаза во ЛШ, Јулијан Нагелсман постави тактика со која уште од првата минута неговите фудбалери беа доминантни на теренот иако против себе имаше тим предводен од искусниот лисец Жозе Мурињо.

Во првото полувреме, Лапциг имаше дури 11 шута кон голот на Тотенхем, а згора на тоа доминираше и во поседот на топката. Фудбалерите на Лајпциг доминантната игра ја крунисаа со гол во 58. минута со голот од пенал на Тимо Вернер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот