Асфалтирани улици во Дељадровци и Текија во општина Илинден

Фото: Општина Илинден

Општина Илинден работи на подобрување на патна инфраструктура во сите населени места, при што деновиве се асфалтирани два крака на улица „1“ во населено место Дељадровци во вкупна должина од околу 200 метри, како и две улици во населено место Текија, односно на улицата кај подрачното основно училиште и улица „1“ кои вкупно зафаќаат површина од околу 700 м2.

Како што информира градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски градежните работи се одвиваат под полна пареа, а на овој начин граѓаните од овие две населени места ќе добијат подобрена патна инфраструктура, како и поквалитетен начин на живот.

Асфалтирањето и тампонирањето на улиците се реализира во рамки на програмата за реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта. Средствата за реализација на овие активности се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден. Од Општината најавуваат дека во наредниот период реализацијата на програмата ќе продолжи и во останатите населени места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот