АРТеФАКТИ | Како изгледале таблоата на матурантите во античко време?
Александра Вуксановиќ
Пред
Доколку помисливте дека таблото на матурантите е изум кој потекнува од современото општетсво длабоко се лажете, затоа што сега ќе ви го докажеме спротивното.
Наместо денешниот лист хартија, нашите претци го користеле каменот за пишување на разновидни документи – впрочем и античката цивилизација обично се нарекува „цивилизација во камен“.
Во тие времиња во камен се исчукувале официјалните државни документи, законите одлуките на локалните управи. Дури и во личниот живот на луѓето во антиката, каменот бил користен за најразчични документи како купопродажните договори, за изработка на вотивни споменици, кои тогаш имале третман на денешните икони, како и надгробните споменици.
Фото: Слободен печат / Драган Митрески
Гимназион
Видовме како изгледале и првите таблоа на матурантите, нормално направени од камен.
Со помош на д-р Славица Бабамова – кустос советник во Археолошкиот музеј имавме можност и прилика да се запознаеме подетално со оваа културно богатство.
– Како што денес на крајот на училишната година на видни места се објавуваат таблоа со тие кои го завршиле своето образование, така и во антички времиња нивните имиња се запишувале на камен. Од античкиот град Стибера во нашиот музеј можете да го видите импозантниот столб пронајден во близина на училиштето кое во тоа време се нарекувало гимназион, од древниот град. На оваа камена подлога читаме списоци на ефебите, а тоа се учениците кои го завршиле своето образование во три училишни години. Испишани се вкупно 135 лични имиња на ученици – вели Бабамова.
Фото: Слободен печат / Драган Митрески
Погледнете ја новата епизода на АРТеФакти, со која заеднички ќе нурнеме во првиот век од новата ера.
Водител и автор на проектот е Александра Вуксановиќ.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Веројатно сите скопјани во изминатава недела дознаа и се запознаени со гласањето на Советот на Општина Центар, каде што советниците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го изгласаа нацрт ДУП-от за градска четврт Ј-05, позната како Барутана, со што на оваа локација на Водно ќе се отвори можност да изградба на десетина или повеќе објекти на два …
Сите ние во некој момент сме заглавиле на социјалните мрежи со оние „pick a card“ видеа, прашувајќи се дали универзумот се обидува да ни испрати некој знак. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 На 52 години се омажи славната „Спајсица“ — Викторија Бекам не дојде на свадбата, но направи нешто неверојатно 2 Пирс Морган брутален …