Арсовска тврди дека состојбата е нормализирана, комуналците на терен и дека Скопје се чисти

Градоначалничката Данела Арсовска предмалку на Фејсбук соопшти дека е нормализирана состојбата во „Комунална хигиена“ и дека работниците од претпријатието веќе го чистат градот.

– Успеавме да извојуваме уште една победа со цел заштита на јавниот интерес, интересот на скопјани.
Скопје се чисти, екипите на „Комунална хигиена“ – Скопје се на терен, состојбата во претпријатието е нормализирана. Не дозволивме и нема да дозволиме мафијашки структури заедно со политичкиот смет да наштетат на интересите на македонските граѓани. Она што го ветив пред граѓаните е дека ќе работам чесно и во нивен интерес и ништо нема да ме спречи да го исполнам дадениот збор – соопшти Арсовска.

Таа сподели и фотографии на кои се гледаат испразнети контејнери и комуналци кои ги чистат јавните површини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот