Арсовска: Сите зафати на мостот на булевар АСНОМ ќе завршат до 10 април

Ниту еден проект што е за доброто на скопјани нема да биде запрен. Овој проект, изградбата на мостот на булеварот АСНОМ е значаен и за граѓаните на Аеродром и на Гази Баба и сите активности, според градоначалничата Данела Арсовска,   поврзани за овој дел од мостот ќе се завршат до 10 април годинава, според претходно предвидената динамика.

Арсовска, на денешната прес конференција,  зборувајќи за преземените зафати на мостот во изминатите четири месеци прецизира дека се спроведени градежни активности за асфалтирање на мостот и улицата, извршено е затегнување на кабли, поставување осветлување и постаменти за канделабри. Покрај тоа, како што рече, поставена е заштитна и еластична ограда на мостот, а решен е и проблемот со регулацијата на речното корито. Извршени се испитувања на статичките и динамичките влијанија за мостот, обложени се столбовите со гранитни плочи, а од страната на Керамидница се завршени земјените работи.

Сите активности поврзани за овој дел од мостот се завршуваат до 10 април годинава, односно токму онака како што е претходно предвидената динамика. Значи никакво застанување ниту на овој ниту на било каков проект што е од интерес на граѓаните нема – рече Арсовска.

Според градоначалничката најголем проблем со кој се соочиле во изминатите месеци била експропријацијата.

Имало 139 парцели и 136 објекти коишто требале да се решат или вкупно 275 постапки за експропријација. За три години претходното раководство успеало да разреши 31 предмет, а со осум предмети успеале да влезат во процес на спор. Ние само за 4 месеци успеавме да разрешиме 82 предмети – нагласи Арсовска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот