Арсовска се сретна со синдикални претставници од ЈСП

Средба на градоначалничката Арсовска со синдикалци од ЈСП / 15 ноември 2021 / фото: Данела Арсовска/Фејсбук

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска се сретна со претставници на трите репрезентативни синдикати на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие на Скопје – ЈСП.

На средбата, како што информираат од прес-службата на Град Скопје, е разговарано за проблемите со кои што секојдневно се соочуваат вработените во јавното претпријатие и за нивно итно решавање, како што е недостигот на квалитетни возачи, одржување на работилницата и проблеми поврзани со другите сектори.

Исто така, на средбата станало збор и за конкретни преговори за правата на вработените, правилна распределба на платите, нови редовни вработувања, како и за потпишување нов Колективен договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот