Арсовска: Наместо одговори на прашањата за Универзална сала, од министерката за култура добивме само закани со тужба

Фото: Принтскрин

Градоначалничката Данела Арсовска денеска на прес конференција истакна дека не добила одговор на прашањата упатени до министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска поврзани со пожарот во Универзална сала и целата постапка околу реконструкцијата што ја презема Министерството за култура.

Како што нагласи Арсовска единствено што добила биле закани со тужба за поставени прашања и уште еднаш го повтори прашањето – Зошто ако осознала Министерката за пожарот пред 9 часот, истото не го пријавила?

И покрај тоа што се обиде денеска да ја навреди целата администрација на Градот Скопје, за жал тоа нема да помине, затоа што ние укажувавме две години дека по тој проект кој некој друг го примил во Градот Скопје во март 2021 година, по кој што распишал јавна набавка и отпочнал со реализација на набавката, е увидено уште во првиот месец на отпочнување со работа дека е невозможно да се работи, рече Арсовска.

Градоначалничката на денешната прес конференција одново говореше за целата постапка поврзана со реконструкцијата, како и тоа дека ИЗЗИС го поништил позитивото мислење за проектот и повторно праша врз основа на кој проект се реконструирала салата во моментот на опожарување.

Позитивното мислење за сеизмичката заштита е укинато од страна на ИЗИС на 02.11. и покрај тоа што министерката сакаше да каже дека тогаш јас сум била градоначалник, за жал не и е добро пренесено на кој ден имам стапено на оваа функција и кога сум осознала за тој договор, рече Арсовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот