Арсовска на средба со Таравари: Потребни се квалитетни, ефикасни и брзи решенија за модерни градови

Данела Арсовска и Арбен Таравари/ Фото: ПР на Д. Арсовска

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска денеска оствари средба со генералниот секретар на Алијанса за Албанците и актуелниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.

На средбата тие заклучиле дека се потребни квалитетни, ефикасни и брзи решенија за модерни градови.

Како што информира прес-службата на Арсовска, на средбата се дискутирало и за предизвиците со кои се соочува секојдневно градското раководство, како и за тоа како брзо и ефикасно да се постигнат успеси преку имплементација на еден нов пристап на менаџирање.

Таравари, како што се наведува во соопштението, истакнал дека Алијансата на Албанците ги поддржува Арсовска и нејзините проекти на претстојните локални избори.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот