Арсенал на најде замената за Емери

twitter/Arsenal

Поразот од 2:0 на гостувањето кај Лестер го зголеми притисокот врз менаџерот на Арсенал, Унаи Емери. Емери се очекува да ја преживее паузата во Премиер лигата поради репрезентативните настапи, но најверојатно во декември, Арсенал ќе добие нов тренер.

„Топчиите“ победија на само два од последните 10 натпревари во Премиер лигата, а Емери има само уште една шанса. По репрезентативната пауза Арсенал го пречекува Саутемптон и му гостува на Норич и доколку не ги добие двата натпревари, Шпанецот ќе добие отказ.

Се чини дека и во управата на Арсенал го отпишаа тренерот и веќе ја пронајдоа неговата замена. Станува збор за поранешниот селектор на Шпанија и тренер на Барселона, Луис Енрике. Енрике годинава ја напушти селекторската функција поради смртта на својата ќерка, но во последно време најавува дека е подготвен да се врати во фудбалот.

Директорот на Арсенал, Раул Салнехи кој го познава Енрике од Барселона кога работеа заедно, веќе се сретнал со Шпанецот и му понудил да биде нов тренер на „топчиите“. Според англиските медиуми, Енрике дал усна согласност но не сака уште сега да седне на клупата од почит кон Емери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот