Луис Енрике си замина, Шпанија има нов селектор

twitter.com/elitempiremedia

Морено доаѓа како наследник на досегашниот стратег на црвената „фурија“, Луис Енрике, беше соопштено на денешната вонредна прес конференција.

Од приватни причини си заминува Енрике кој не ја водеше националната селекција на последните три натпревари, тоа го правеше неговиот помошник Морено кој сега официјално го презема кормилото.

Оваа одлука е помалку изненадувачка, бидејќи никогаш не бил до сега на тренерска функција, туку само како помошник.

Освен во шпанската селекција, му асистираше на Енрике во Барселона, Селта од Виго и Рома, а му беше и асистент на Хуан Карлос Унзуе исто така во Селта.

Како играч започна во Севиља, но никогаш не играл за првиот тим, ја поминувал кариерата само во екипи од пониските лиги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот