Арсенал го продаде Гранит Џака за 25 милиони евра!

фото: твитер

Играчот од средниот ред, Гранит Џака го прифати предлогот на Херта Берлин и ќе замине од Арсенал, изјави неговиот советник Жозе Ногуера во интервју за швајцарски „Блик”.

Предлогот на Германците е во вредност од 25 милиони евра, а трансферот ќе стапи на сила од 1 јануари.

– Ние се договоривме со Херта и сакаме играчот да ја продолжи кариерата во Берлин – изјави Ногуера за „Блик”.

Џака пристигна во Арсенал во 2016 година со трансфер од Борусија Менхенгладбах, каде играше четири сезони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот