Ароматичен есенски рецепт на Стефанија Несторовска: Јаболко цимет овесни мафини

Фото: Приватна архива

Јаболката се овошје кое одлично се согласува со тестото, па затоа можеме од нив да правиме различни пити, штрудли, колачи, мафини. Одлични се за што и да одлучите да правите.

Денеска пробајте го рецептот за ароматичните мафини со ова здраво овошје. Стефанија Несторовска, која стои зад инстаграм-профилот и блогот snestorovska.com, денеска ни приготви есенски мафини, во кои главна улога ја имаат jаболката.

Фото: Приватна архива

Состојки:

– 2 филџан (200 г) овесно брашно

– 1/4 филџан (45 г) кокосов шеќер

– 2 лажички цимет

– 1 лажичка сода-бикарбона

– 1/2 филџан (110 г) кокосово масло, стопено

– 1/2 филџан (125 г) пире од јаболка

– 2 јајца

– 1 големо јаболко или 2 помали, рендани

– 1 лажичка јаболков оцет

– 1 јаболка за карамелизирање за топинг, по желба

Фото: Приватна архива

 

Начин на подготовка:

Се загрева рерната на 175 степени и се подготвуваат калапи за мафини. Се премачкуваат со кокосово масло за полесно да се вадат или се користат каписли.
Во голем длабок сад се додаваат овесното брашно, кокосовиот шеќер, цимет, сода-бикарбона и се промешува.
Се додаваат и сите други состојки (освен ренданите јаболка) и убаво се промешува сè додека не се добие соединета смеса.
Се додаваат ренданите јаболка и лесно се размешува за да се распоредат низ смесата.
Смесата се распоредува во калапите за мафини. Треба да добиете околу 8-10 мафини.
Се печат 16 минути, се оставаат малку да се изладат па се вадат од калапите.
За карамелизирање на јаболката, убаво се премиваат, па се сечкаат на мали коцки. На загреано тавче, на средно-висока температура со малку кокосово масло се додаваат јаболката исечени на коцки. Се пржат додека не добијат златникава боја и малку не омекнат.
На секој мафин се додава по 1 лажица, пред сервирање.
Мафините може да стојат на собна температура (затворени) 2 дена или во ладилник, во стаклен сад до 5 дена.

Фото: Приватна архива

Забелешки и совети:

→ Кокосовиот шеќер може да се замени со некој друг засладувач во гранули или течен засладувач. Ако се користи течен засладувач – соединете го со течната смеса.

→ Овесното брашно може да го купите веќе готово како брашно или да си направите сами со мелење овесни снегулки.

→ Пирето од јаболка што јас го користев е од бебешка кашичка, но доколку имате време, може да си направите и сами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот