Арктикот се загрева двојно побрзо од остатокот од светот: Измерени рекордни 22 степени
Денешниот температурен рекорд, кој треба да трае до понеделник, е далеку над вообичаените температури за овој период од годината: во јули, кој е најтопол месец на Арктикот, температурите во Свалбард се движат помеѓу 5 и 8 Целзиусови степени.
Свалбард, норвешкиот архипелаг на Арктикот, денеска го собори апсолутниот температурен рекорд, достигнувајќи 22 степени Целзиусови, објави норвешкиот метеоролошки институт.
Препорачано
Со 21,7 степени измерени во 18 часот по локално време во близина на Лонгјербан, архипелагот го имаше најтоплиот ден од кога започнале мерењата.
– Претходниот рекорд се случи на 16 јули 1979 година, кога беа измерени 21,3 степени – изјави метеорологот Кристен Гислефош.
Групата острови, познати како Спицберг, се наоѓа илјада километри од Северен Пол.
Денешниот температурен рекорд, кој треба да трае до понеделник, е далеку над вообичаените температури за овој период од годината: во јули, кој е најтопол месец на Арктикот, температурите во Свалбард се движат помеѓу 5 и 8 Целзиусови степени.
Арктикот се загрева двојно побрзо од остатокот на планетата, велат научниците.
Летото 2020 година во тој регион е обележано со речиси горештини во рускиот Арктик: температури од 5 степени над нормалата во јануари во Сибир и врв од 38 Целзиусови степени на почетокот на јули во Арктичкиот круг.


