Арбен Таравари е избран за потпреседател на Алијанса за Албанците

Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар / Фото: Архива на Слободен печат

Претседателството на Алијансата за Албанците (АА) на синоќешниот состанок едногласно го избра Арбен Таравари за потпреседател на партијата. Таравари ќе биде едиствен потпреседател на оваа партија.

Од партијата на Зијадин Села за „Слободен печат“ велат дека генералниот секретар и други партиски функционери ќе се бираат на наредниот состанок на претседателството на партијата.

По состанокот, партискиот лидер Села изјави дека неговата партија е против бојкотот на работата на Собранието и не се приклучува на караванот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во ова политичко патешествие.

Арбен Таравари, пред партискиот Конгрес што се одржа во март, најави повлекување од позицијата генерален секретар на партијата, но и од сите други партиски фиункции за да им даде шанса на младите генерации. Но вчерашната одлука на претседателството го кажува спротивното.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот