Апсење на Ќафасан: Уапсени седум лица, дозволиле и вршеле шверц на стока

Граничен премин Ќафасан / фото: Миа

На граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница кај Струга, уапсени се седум лица кои дозволиле или вршеле шверц на стока набавена во Македонија.  

 – Притворени се двајца полициски службеници, двајца цариници и три лица жители на пограничниот град Либражд, за злоупотреба на службената положба, корупција и шверц. По добиени сознанија дека се дозволува минување на стока од македонска на албанска страна избегнувајќи ги царинските давачки, спроведената истрага која го потврдила тоа, информира албанската полиција.  

Според истиот извор, истрагата покажала дека полициски службеници на споменатиот премин, во соработка со царинските службеници, во замена за поголема сума пари, фаворизирале три лица да ја преминат шверцуваната стока без спроведување на постапката за царинење.  

Како материјален доказ се одземени три возила, девет мобилни телефони, одредена количина парични средства нелегално стекнати нелегално од корупција на работно место, значителна количина разновидна храна и пијалаци, како и друга стока. 

Поради пониските цени на прехранбените и други производи, како и горивото, голем број албански граѓани, но и тамошни трговци од пограничните населени места, на големо вршат набавка во Дебар, Струга, Охрид и Ресен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот