Апсење во Скопје, приведен бизнисмен близок со претходната власт

Полицијата утринава го приведе Ристо Новачевски, кумот на поранешниот премиер Никола Груевски. Тој е осомничен за кривично дело перење пари, со кои купиле плацеви на Водно, потврдија од Обвинителство за Слободен печат.

Покрај Новачевски и Груевски, осомничени за перење пари се и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, мајка му Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

Камчев, Мијалков и Јосифовиќ исто така се осомничени заедно и во случајот „Империја“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот