„Апокалиптика“ доаѓа во Скопје на 29 ноември за отворањето на 26. издание на „Таксират“

Фото: Facebook / Taksirat festival

За отворањето на 26. издание на „Таксират“, во Скопје доаѓа една од најжестоките светски атракции, симфонискиот метал бенд „Апокалиптика“ (Apocalyptica).

Ова е нивната досега најатрактивна и најголема светска турнеја со наслов „Апокалиптика свири Металика 2“ (Apocalyptica Plays Metallica Vol.2), а кај нас ќе бидат гости на 29-ти ноември 2024 во „Борис Трајковски“. Спојувајќи ја класичната музика со хеви метал како никој досега, „Апокалиптика“ за кратко време станаа светска атракција.

Со оваа оригинална идеја и врвна интерпретација на најголемите хитови на „Металика“, момците од „Апокалиптика“ докажаа дека универзалниот јазик на одличната музика не познава жанровски ограничувања, а резултат на тоа се и стотиците илјади продадени албуми, бројни турнеи и фанови ширум светот. На нивните албуми гостувале: Сандра Насич од „Гуано ејпс“, Дејв Ломбардо од „Слејер“, Виле Вало од „ХИМ“, Лаури Илонен од „Расмус“, Тил Линдеман од „Рамштајн“, Кори Тејлор од „Слипкнот“, Адам Гонтиер од „Три дејс грејс“, Гевин Росдејл од „Буш“ и многу други.

Годинава Таксират не слави ништо, но секогаш ни треба повод за добри концерти. Ова е само почеток!

Влезниците ќе бидат во пуштени во продажба од петок во 10:00, преку продажната мрежа на „MkTickets“.

(Комерцијална објава)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот