Апелација ги потврди пресудите за „Диво Насеље“ – Слободен печат
Хроника

Апелација ги потврди пресудите за „Диво Насеље“

Тринаесет беа осудени на единствена затворска казна во траење од 40 години, шестмина се осудени на затвор од 20 години, еден доби 18 години затвор, а двајца се осудени на 14 години.

Апелациониот суд во Скопје ги одби жалбите на обвинетите и нивните бранители од случајот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за случајот.

Основниот суд Скопје 1 во 2017 година изрече седум доживотни затворски казни за обвинетите. Тринаесет беа осудени на единствена затворска казна во траење од 40 години, шестмина се осудени на затвор од 20 години, еден доби 18 години затвор, двајца се осудени на 14 години, исто толку на 13 години, а четворица поради немање докази се ослободени од обвиненијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close