Антониа Гиговска откри која е најпаметната работа што ја прави во самоизолација!

Фото: Инстаграм

Пандемијата на коронавирусот ја натера речиси целата популација на светот да се изолира со цел да се спречи понатамошното ширење.

На овој вирус не е буквално никој имун,  безразлика дали сте позната личност или не.
И македонската естрада е во изолација со денови, а меѓу нив и нашата познатата пејачка Антониа Гиговска.
„Слободен печат“ ја праша како ги поминува времето во самоизолација. Ова се нејзините одговори:

– Како никогаш претходно, почнав да гледам серии. Искрено, пред да се случи ова со вирусот немав многу време за такво нешто.

– Почнав да свирам на клавир и мислам дека ова ми е најпаметната работа што ја правам во самоизолација. Од каде знаете, можеби ќе научам и да свирам (се смее).

– Во последно време честопати знаеме со дечко ми Иван да снимаме „лајв“ на Инстаграм каде обожавателите не прашуваат најразлични прашања, а мене тоа ми е интересно…

– И да, конечно време да спијам колку сакам…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот