„Анонимуси” хакирале повеќе од 300 руски и белоруски интернет-страници

Меѓународната хакерска група „Анонимуси” денеска соопшти дека како што и најави, нејзините активисти собориле повеќе од 300 интернет-страници на официјални руски владини агенции, компании, медиуми, банки, меѓу кои белоруските „Белорусбанк”, „Приорбанк” и „Белинвестбанк”.

Во нивната информација објавена на твитер „Анонимусите” последните 48 часа хакирале повеќе од 300 руски веб-страници така што повеќето од руските официјални агенции се офлајн.

„Анонимуси” тврдат дека успеале да влезат во базата на податоци и на руската „Сбербанк”, а ја собориле и веб-страницата на руското Министерство за труд и социјална заштита.

„Го уриваме финансискиот и владиниот руски кибер систем додека тие маршираат низ Украина”, додаваат „Анонимуси”.

Хакирани се и интернет-страниците на водечките белоруски банки, вклучувајќи ги „Белорусбанк”, „Приорбанк” и „Белинвестбанк” и нивните услуги преку интернет се недостапни. Претходно групата ја хакираше и официјалната веб-страница на Чеченската Република

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот