Анкетите предвидуваат доминација на десничарскиот блок на изборите во Италија

Џорџа Мелони/ Фото EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Десничарскиот блок во Италија е на пат да освои убедливо мнозинство во двата дома на парламентот на изборите овој месец, велат најновите анкети во Италија.

Десничарската партија Браќа на Италија, која доминира во конзервативната алијанса, треба да биде најголемата единствена партија на изборите на 25 септември, според најновите анкети кои покажуваат дека таа ја зголемува предноста пред левиот центар Демократска партија.

Анкетата на Институтот Катанео, спроведена до 31 август, покажува дека конзервативниот блок би можел да има најмалку 258 од 400 претставници во Претставничкиот дом и 131 од 200 во Сенатот.

Постои проценка дека има 91,5 отсто веројатност алијансата, која ги вклучува Браќа на Италија, предводени од Џорџа Мелони, Лига на Матео Салвини и Форца Италија на Силвио Берлускони, ќе има апсолутно мнозинство во двата дома на парламентот.

Според анкетите, централно-левичарската ДП предводена од Енрико Лета ќе има 88 пратеници во Долниот дом и 44 во Сенатот, додека останатите места ќе бидат поделени меѓу партиите надвор од овие главни блокови.

Изборниот закон на Италија ги фаворизира партиите кои формираат широки сојузи, зголемувајќи ја предноста на десничарскиот блок во однос на поделените противници од левицата.

Браќата на Италија имаат поголема поддршка од партиите на Салвини и Берлускони заедно, така што Мелони е во добра позиција да стане првата жена премиер на Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот