АНКЕТА: Дали овошјето станува луксуз за Македонците?
Живееме во време на голема инфлација, реалност што секојдневно ја чувствуваат граѓаните.
Меѓу другото, црешите, кајсиите, праските, како сезонско овошје, за многумина остануваат луксуз.
Препорачано
И додека граѓаните се надеваат на подобри денови и пониски цени, голем дел од овошјето ќе остане на тезгите, или уште полошо, ќе заврши во отпад.
„Слободен печат“ ги праша граѓаните дали можат да си дозволат овошје по овие цени?
-Цените што ги видов се исти како во Германија – вели една Македонка која живее и работи во Германија.
Некои велат дека порано почесто купувале сезонско овошје, но денес, поретко.
-Цените се превисоки за нашиот буџет – потенцира една госпоѓа.
Многу граѓани ја делат истата фрустрација.
-Додека стигнеме до цените што на нас ни одговараат, на нашиот буџет, пола сезона отишла – велат тие.
Некои, пак, велат дека и покрај цените, за своите деца не штедат:
-Па, за деца нема цена – ни рече еден родител.
На прашањето, Што ќе биде со црешите доколку не се продадат?
-Цената од 250 до 280 денари за килограм цреши за многумина е неприфатлива. Ќе ги фрлат – вели една жена.
Друг соговорник смета дека плодовите кои нема да се продадат, ќе завршат или како отпад, или евентуално во индустриско производство – како сок.


