Анимиран филм за глобалниот карантин

Македонско-австралиското „3-Блок студио“ направи краток анимиран филм за глобалниот карантин. Во време кога огромен број од светската популација поради коронавирусот радикално го промени секојдневниот живот, а секоја индивидуа на свој начин се соочува со изолацијата, петчлена екипа од студиото го искористила слободниот простор за експериментирање и оттаму се родила идејата за анимираниот филм „Карантин“.

Приказната во филмот е на Јакоб Ниланд, Михаил Наумов, Љубомир Саздовски и Иван Андреевски, кој, исто така, е режисер и потписник на сценариото. Арт-продукцијата и дизајнот се на Наумов и Саздовски, кој е одговорен и за моделирањето и осветлувањето. Монтажата и анимацијата се на Наумов, а Андреевски стои зад саунд дизајнот. Музиката е на Владимир Петковиќ.

– Од креативна страна се обидовме да доловиме како секој од нас би се справил со ваков застој на секојдневиот ритам во кој живееме, а од техничка страна пробавме да претставиме традиционална техника на анимирање, како Stop Motion (која се работи практично, со физички кукли и фотоапарти), преку дигиталните алатки и 3Д-анимацијата. Беа користени доста стандардни софтвери за ваков вид на работа. Главно Autodesk Maya и Adobe After Effects, како и неколку дополнителни софтвери – истакнуваат од студиото.

Студиото работи за aвстралискиот и балканскиот пазар и е најактивно во полето на 3Д и 2Д анимацијата, изработка на визуелни ефекти, како и осмислување и создавање анимирани ликови – карактер анимација.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 27, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 17-20 април 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот