Англиски предизвици за Адеми, Ристовски и Елмас, Динамо и Наполи бркаат европска пролет

Елиф Елмас најверојатниот ќе го пропушти следниот меч на Наполи/Фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Денеска ќе се играат натпреварите од последното шесто коло во групите на Лигата на Европа и после кои ќе ги дознаеме сите патници во нокаут-фазата, а кои ќе продолжат во Конференциската лига.

За нас најинтересно е во две групи бидејќи имаме тројца македонски репрезентативци кои со своите клубови целат кон останување во второто по квалитет европско клупско натпреварување.

Во групата „Х“ Вест Хем веќе го обезбеди првото место и вечерва од 21.00 часот ќе биде домаќин на Динамо Загреб на Аријан Адеми и Стефан Ристовски.

Хрватскиот клуб не смее да си дозволи пораз во Лондон, бидејќи во таков случај доколку Генк биде подобар на домашен терен против Рапид Виена, тогаш Белгијците ќе го освојат второто место. Но, и австриската екипа има шанси да остане на меѓународната сцена, односно со победа против Генк да биде третопласиран и продолжи во Конференциската лига.

Во групата „Ц“ Наполи на Елиф Елмас е домаќин на Лестер сити (18.45 часот) и со победа сигурно италијанскиот тим ќе го обезбеди местото во нокаут-фазата на ЛЕ.

Но, може да остане и без Европа доколку Наполи загуби, а тоа го искористи Легија Варшава доколку Полјаците слават над Спартак Москва, а Русите двапати беа подобри од „наполитанците“ од групната фаза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот