Ангеловски: Успешно ја започнавме Лигата на нации, ќе бидеме во најдобра можна форма против Косово

Ангеловски пет години беше селектор на Македонија/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Селекторот Игор Ангеловски е задоволен од постигнатите резултати на стартот од Лигата на Нации, но веќе се насочува кон наредниот предизвик, натпреварот со Косово.

Македонската фудбалска репрезентација одлично го стартува новото издание на Лигата на нации, освоија четири бода на првите два натревари. На стартот од Лигата на нации во која Македонија игра во дивизијата Ц, на Националната Арена „Тодор Проески“ со 2:1 ја совлада Ерменија, а потоа одигра 1:1 на гостувањето во Тбилиси против Грузија.

По две кола, избраниците на селекторот Ангеловски се на делба на првото место на табелата заедно со Грузија.

Постигнатите резултати влеваат голем оптимизам кај селекторот Игор Ангеловски, бидејќи ова беше прва репрезентативна акција по пауза од девет месеци поради пандемијата на коронавирусот.

– Најважно е што по долгата пауза од девет месеци повторно се собравме заедно и ова натпреварување го започнавме со позитивен резултат, а со тоа го продолживме трендот на успешни настапи што го имаме во последно време. Така беше и во минатиот циклус на Лигата на нации, тогаш имавме две победи на старот, а сега победа и реми – вели Ангеловски.

Ова е старт каков што посакувавме: Македонија преку пеналите ја урна Ерменија (ФОТО)

Селекторот е задоволен и од прикажаната игра, иако е свесен дека не е на задоволителното ниво, а тоа се должи на долгата пауза поради коронавирусот.

– Очекувано беше да има падови во играта, но ја победивме Ерменија и ремизиравме со Грузија иако 30 минути игравме со играч помалку. Задоволен сум како од резултатот така и од прикажаната игра, затоа што и кога не сме на очекуваното ниво и имаме падови предизвикани од долгата пауза поради коронавирусот, имаме позитивни резултати. Очекувам најдоброто од моите играчи да го прикажат наредниот месец, односно тогаш кога е најпотребно.

Македонија со бод како „планина“ против Грузија на Динамо Арената! (ВИДЕО)

Токму наредниот месец, фудбалерите ги очекува најважниот натпревар, полуфиналниот бараж дуел со Косово кој може да не донесе на само едно скалило од историски пласман на Европско првенство. Избраниците на Ангеловски на 8. октомври на Националната Арена „Тодор Проески“ го дочекуваат Косово, а доколку победат тогаш на 12. ноември ќе играат со подобриот од дуелот Грузија – Белорусија за пласман на ЕП.

– Ние идентично се подготвуваме како и за секој натпревар, без разлика дали играме против Италија и Шпанија или против Лихтенштајн. Веќе се подготвуваме за најважниот натпревар за нас против Косово. Пред се, за мене најважно е да бидеме здрави, да не одмине ковид-19. Што се однесува до тактиката, јас сум сконцетриран само на соите играчи и гледам како да го извадам најдоброто од нив. Главен акцент ќе биде на играта на моите фудбалери бидејќи мојата филозофија е да го натераме противникот да игра како што ние сакаме, а не обратно. Имаме речиси еден месец да се подготвиме, фудбалерите веќе влегуваат во натпреварувачки ритам и очекувам против Косово да бидат во најдобра можна форма. Убеден сум дека ќе биде така – вели Ангеловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот