Ангеловска на ФБ: Ковид 19 го забрзува растот на е-трговијата, продолжува борбата со сивата економија

Министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил попладнево напиша дека значајно расте бројот на нови е-продавници и е-трансакции со ковид пандемијата.
– Компаниите се адаптираат и отвараат нов продажен канал за полесен пристап до потрошувачите, справување со намалениот промет на физичките локации, како и зголемување на конкурентноста и пристап по поголем пазар, напиша Ангеловска.
Во март има отворено скоро еднаков број на е-продавници, како во цела 2019 година.
Но, како што посочува Ангеловска, значајно расте и бројот на нерегистрирани продавачи поради што денеска заедно со УЈП, Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат, Стопанската комора, Сојузот на стопански комори, Асоцијацијата за е-трговија и Агенцијата за пошти разговарале за она што може да се преземе веднаш како одговор во борбата против сивата економија во е-трговијата.
– Во Министерство за финансии уште пред кризата изготвивме предлог акциски план за борба со сивата економијата, во кој воведовме посебен дел наменет за сивата економија во е-трговија, кој вклучува активности за системски решенија, градење на капацитетите на институциите и кревање на свеста кај граѓаните. На кус рок ќе ги зајакнеме расположивите институционални механизми и контроли со цел да се намали сивата економија, додека на среден рок потребна е законска рамка за е-трговија која ќе ги постави јасно правилата со цел – од една страна да се заштитат потрошувачите и нивните права, а од друга страна фер конкуренцијата на пазарот и наплатата на давачките во државната каса, пишува Ангеловска на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот