Стефан Андоновски / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Андоновски: 30 илјади нови корисници на uslugi.gov.mk во 2025

За осум месеци во 2025 година, националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk регистрира нови 30.000 корисници, објави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Според министерот, во август бројката на регистрирани корисници ја надмина 180.000, со вкупно 180.143 активни корисници на порталот. На платформата се достапни 201 електронска услуга, а месечно се поднесуваат просечно 7.978 барања за услуги.

Андоновски истакна дека порталот продолжува да се развива и да им овозможува на граѓаните брз и едноставен пристап до различни услуги на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот