Андоновиќ: Преседани во внатрешната политика на најмоќните (ВИДЕО)

Доналд Трамп / Џо Бајден

Иако сеуште неформален кандидат за претседател на САД од редовите на демократите, Џо Бајден изјави дека е загрижен што Трамп ќе се обиде да ги „украде“ изборите во ноември. Но овој песимизам на Бајден сепак е неутрализиран со неговата увереност дека војската на САД ќе го изнесат од Белата куќа, доколку ги загуби изборите и одбие да го признае резултатот.

Трамп во неколку наврати го критикуваше гласањето по пошта, велејќи, иако без никаков доказ, дека поголем процент на гласачките ливчиња ќе доведе до кражба на изборите на 3 ноември. Бајден претходно јавно предупреди дека Трамп би можел да се служи со измами на изборите, а неговата реторика се заостри во последните месеци, во време кога анкетите покажуваат дека води пред актуелниот претседател.

Изјавата на Трамп малку потстетува на традициите на некои од државите во светот, со помал степен на демократија, каде речиси секогаш кога актуелниот претседател ќе ги загуби изборите, одбив смена и оставка по мирен пат. Се работи за преседан , барем што се однесува до американската полтика, каде речиси никогаш во минатото немало волкава тензија помеѓу ривалите во трката за освојување на Белата куќа.

Во функција на некаква улога на американската армија во политчките настани во САД доаѓа и признавањето на началникот на Генералштабот на САД Марк Мили кој изјави дека погрешил кога чекорел покрај претседателот Доналд Трамп до црквата оштетена од демонстрантите и пред која Трамп беше сликан со Библијата в рака.

Претседателот на САД, Доналд Трамп со библијата пред црквата Свети Јован / 01 јуни 2020, Вашингтон, САД / EPA-EFE/SHAWN THEW

Тој вели дека овој настан создал „перцепција дека војската е вклучена во домашната политика, рече генералот Мили кој признава дека направил погрешна проценка со своето присуство. Трамп беше придружуван од генералот Мили во воена униформа, што критичарите го протолкуваа како знак дека тој го поддржува планот на Трамп за испраќање војска на демонстрантите.

Како дополнителен преседан во моменталната американска политка е и иницијативата на Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, симболите на генералите кои се бореле на страната на Конфедеративните американски држави за време на американската граѓанска војна да бидат отстранети. Изјавата на Пелоси се однесува на бројните споменици на овие генерали и политичари поставени во Капитол Хил, но и за бројните американските воени бази кои се нарекуваат по имиња на овие историски личности.

Тенденцијата за уривање на сите спомени од колонијалната и робовладетелска историја на САД ја започнаа гневните демонстранти кои испровоцирани од бруталното полициско убиство на афроамериканецот Џорџ Флојд започнаа да уриваат бисти и споменици на личностите кои во историјата имале колонизаторска и робовладетелска улога.

Обезглавената статуа на Кристофер Колумбо во истоимениот парк во населбата Норт Енд / Бостон, Масачусетс, САД 10 јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Овие споменици беа подигнати во нивна чест како дел од одредена фаза на историјата на формирањето и развивањето на американската држава. Токму отстранувањето на спомениците и пред се на имињата на воените бази предизвика негодување на американскиот претседател Трамп кој изјави дека се противи на евентуалните преименувања и бришење на историјата. Се очекува овој став дополнително да му ја намали популарноста на Трамп, чиј рејтинг одамна е паднат во очите на афроамериканската заедница во САД.

И како дополнителен преседан доаѓа и барањето на францускиот преседател Емануел Макрон кој заедно со германската канцеларка Ангела Меркел пред два дена упатија писмо до челниците на ЕУ од кои бараат ЕУ подобро да се подготви за следниот бран на пандемијата на корона вирусот. Во писмото Макрон и Мекрел оценуваат дека хаотичниот одговор на пандемијата на корона вирусот од кој до сега починаа повеќе од 184.000 луѓе, ги покрена прашањата за подобро и поорганизирано справување и подобар заеднички евриопски пристап за ваков тип на состојби особено поради фактот дека е можен втор бран на заразата со Ковид-19.

Ова барање на лидерите на германија и Франција предизвика дилема во одреден дел на светската јавност дека можеби Макрон и Меркел знаат нешто повеќе поради што и го очекуваат вториот бран на пандемијата.

Останува дилемата колкава е способноста на најмоќните држави во светот во иднина да се справуваат со глобалните закани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот