Анџелина Џоли со месеци работела на таен проект

instagram

Се чини дека Анџелина Џоли периодот на карантини го искористила многу продуктивно. Покрај тоа што промовираше нов филм, милостиво донираше, а сега работела и на нова книга за деца и млади!  Овој проект е поттикнат од заедничка загриженост дека децата и возрасните не се свесни за човековите права на децата, што значи дека децата остануваат ранлива категорија и без надомест кога овие права не се поддржани.

 

Instagram

 

Организацијата за човекови права „Amnesty International“ објави дека Џоли соработувала со нив на новата книга која треба да излезе следниот септември.

Книгата е напишана во консултација со адвокатката за права на деца, Гералдин Ван Бјурен. Невиден број деца протестираат низ целиот свет, на улица и преку Интернет, против климатските промени, расизам и родова нееднаквост.

Instagram

 

Книгата со наслов „Know Your Rights (And Claim Them), има за цел да им помогне на младите да ги разберат своите основни човекови права.

Денес имаме ангажирана младина и подготвена за борба. Но, многумина се борат со дезинформации од возрасните, недостаток на свесност за нивните права и не знаат како се користат спецификите на нивните права, применувајќи ги во земјата и околностите во кои живеат. Треба да им дадеме алатки за ја зајакнат нивната борба и моќ!“, изјави Џоли.

Instagram

Книгата, според „Amnesty International“, ќе биде „визија за сите млади луѓе, да знаат и да можат да ги бараат своите права, без разлика кои се или каде живеат“.

Instagram

 

Ние сме задоволни што работевме со Анџелина Џоли и млади луѓе од целиот свет за да ја создадеме оваа моќна книга. Тоа беше очајно потребно…“, изјави Ники Паркер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот