Анџелина Џоли ПРОГОВОРИ ЗА РАЗВОДОТ со Бред Пит: „Се чувствував како нешто мало и безначајно“

профимедиа

Некогаш најубавата актерка на светот Анџелина Џоли за првпат отворено проговори за разводот со Бред Пит и за американскиот магазин наведе дека се чувствувала безначајно и како нешто мало и ситно.

„Како врската со Бред се приближуваше до крајот, така јас се чувствував се понезначајно и поосамено. Иако сум ѕвезда цел живот, бев ништо, чиста нула. Беше трауматично“, изјави Анџелина.

профимедиа

Како што дополнително објасни, актерката се чувствувала длабоко повредена и депресивна.
„Беше интересно да се помине низ едно такво чувство, сега сум над тоа. Но тогаш, бев помала од зрно грашок. Бев сосема неважна“, повтори таа за „Мадам фигаро“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот