Анџелина Џоли поради неисхранетост завршила на рехабилитација: Актерката штрајкува со глад?

Фото: Профимедиа

Поради стресот, таа одбивала храна, поради што било потребно да и се пружи стручна помош…

За големиот недостаток на килограми кај Анџелина Џоли (45) се зборува веќе неколку години, а во последно време се посилни се шпекулациите за штрајкот со глад на кој наводно таа сама се одлучила.

Сето тоа, според пишувањето на странските медиуми, започнало по дружењето на Џенифер Анистон и Бред Пит.

Имено, многумина се загрижени за здравјето на 45-годишната актерка, а таблоидот „New Idea“ сега пишува дека Анџелина Џоли поради пореметувањето во исхраната била и на рехабилитација.

Имено, според пишувањата на споменатиот таблоид, 19-годишниот син Медокс се шокирал кога ја видел својата мајка по неколку месеци.

Фото: Профимедиа

Тој студира во Јужна Кореја, па откако се вратил во Америка, сфатил дека неговата мајка е во многу лоша здравствена состојба.

Како што тврди изворот кој е близок на семејството, Медокс и помогнал на Анџелина и ја испратил на рехабилитација со цел да и го спаси животот.

Имено, битката за старателство над децата, но и разводот од Бред Пит за актерката биле преголем шок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот