Анџелина Џоли бесна по скандалозното однесување на Бред Пит! (ФОТО)

Profimedia

На Џоли и пречело тоа што Бред се шегувал на сметка на нивните проблеми во бракот во просторија полна со негови колеги, а извор близок до актерката рекол дека „таа никогаш не би му го направила тоа“.

На доделувањето САГ наградите кои се одржаа пред неколку вечери, Бред Пит со потсмејување зборувал за разводот со Анџелина Џоли, а потоа воодушевено ја гледал жената која ја остави токму поради Џоли, Џенифер Анистон.

Џоли поради ваквото однесување на поранешниот сопруг наводно е многу лута.

Фановите, како и јавноста воопшто е навистина разнежнета од емотивните фотографии од Џенифер и Бред кои ги преплавија светските медиуми и социјалните мрежи, но изгледа дека фановите на Џоли не се чувствуваат исто, бидејќи актерот истата вечер одржа говор во кој ја „пецна“ Анџелина.

– Да бидеме искрени, ова беше тешка одлука. Ова момче е „надувано“, ја соблекува маичката, не се согласува со жената. Беше тешко – се пошегувал Бред на сметка на својата улога во филмот „Беше еднаш во Холивуд“.

Како што пишува „The Sun“, Џоли се „чуствува непочитувана“, поради овие зборови на Бред, а особено тешко и паднало што Анистон се смеела на неговиот говор. На Џоли и особено и сметало тоа што Бред се шегувал на сметка на нивните проблеми во бракот во просторија полна со негови колеги, а извор близок до актерката рекол дека „таа никогаш не би му го направила тоа“.

Снимката која стана хит на социјалните мрежи поради оваа случка, може да ја погледнете ТУКА.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот