Амстердам забрани секакви собири во следните три дена, по жестоките судирите меѓу израелски навивачи и Арапи
Градот Амстердам ги забрани демонстрациите во следните три дена, по синоќешните немири во кои се повредени десетици луѓе.
Градоначалникот на Амстердам, Фемке Халсема, изјави дека навивачите на израелскиот фудбалски клуб Макаби Тел Авив биле нападнати, малтретирани, петарди фрлени низ градот, а полицијата интервенирала за да ги заштити и да ги придружува до нивниот хотел. Најмалку пет лица се пренесени во болница. Според информациите од Амстердам, израелските навивачи дивееле низ градот и палеле палестински знамиња, пред да бидат нападнати од групи млади луѓе од арапско потекло.
Демонстрациите се забранети за време на викендот, а на полицијата ѝ се дадени пошироки овластувања да запре и да пребарува како одговор на немирите, кои покажаа широк гнев поради војната во Газа, објавија израелските медиуми, според Ројтерс.
Халсема рече дека градската полиција беше изненадена откако безбедносните служби не успеале да го означат натпреварот од висок ризик против Ајакс од Амстердам, традиционално еврејски клуб.
Засилено е обезбедувањето во градот, каде за утре е предвидена богослужба пред еврејскиот споменик.
Во четвртокот, стотици луѓе се собраа да ја одбележат Кристалната ноќ, нацистичкиот погром против Евреите низ Германија на 9 и 10 ноември 1938 година.