Рубен Аморим/фото: EPA-EFE/ANTONIO COTRIM

Аморим е менаџер на месецот во Премиер лигата

Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, е прогласен за менаџер на месец октомври во Премиер-лигата – негово прво вакво признание откако точно пред една година го презеде клубот.

“Црвените ѓаволи“ одиграа одличен месец, со три последователни победи: 2:0 против Сандерленд, спектакуларни 2:1 над Ливерпул на „Енфилд“, и 4:2 против Брајтон, што тимот привремено го врати на самиот врв на табелата.

По приемот на наградата, Аморим изјави дека успехот го посветува на играчите:

„Ова признание не е мое, туку нивно. Тие се заслужни за добрите резултати. Целта ни е да продолжиме во ист ритам. Ако ја освоиме и следната, тоа ќе значи дека и понатаму победуваме – а тоа го сакаме“.

Португалецот е првиот тренер на Јунајтед што ја добил оваа награда по ноември 2023 година, кога признанието му припадна на Ерик тен Хаг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот