Амнести: Чилеанските безбедносни сили сериозно ги загрозуваат правата на демонстрантите

Амнести Интернешнл (АИ) во денеска објавениот извештајот наведува дека чилеанските безбедносни сили сериозно ги загрозуваат правата на демонстрантите на мирно собирање и слобода на изразување.

Организацијата посочува дека безбедносните сили користат огнено оружје против демонстрантите. АИ исто така наведува дека поседува документација за тортура, сексуално злоставување и повреди од солзавец.

Чилеанскиот национален институт за човекови права објави дека 26 цивили се убиени, а повеќе од 2.300 повредени за време на протестите во таа јужноамериканска земја.

АИ исто така, цитира извори од чилеанската полиција, кои тврдат дека 1.600 нивни членови биле повредени за време на протестот.

Протестите, кои почнаа како студентски демонстрации поради зголемувањето на цената на билетот на метрото, прераснаа во граѓанско движење кое бара реформи во образованието, здравството, пензиите и нов устав.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот