Американските и британските новинари го критикуваат Ѓоковиќ, тениските ѕвезди го фалат поради „Адриа Тур“

EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Само што почна хуманитарниот тениски турнир „Адриа Тур“ во Белград почнаа нападите кон организаторот, најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, кој од друга страна добива пофалби од тенисерите.

Поголем дел од американските и британските тениски новинари го критикуваат Ѓоковиќ бидејќи организира турнири во кои учествуваат и уште неколку големи тениски ѕвезди како Александер Зверев, Доминик Тим, Григор Димитров, во време кога пандемијата на коронавирусот не е завршена.

„Тенисерите ги критикуваат предложените безбедносни мерки на УС Опен, велат дека можеби нема да играат. Но, немаат проблем да играат пред полни трибини, голем број од нив се деца, тука се и прегратките, блискоска при давањето инетрвјуа, селфијата… Не можам да верувам во тоа што го гледам“, напиша американскиот новинар Ник Мекарвел.


Слично размислување има и Мајк Диксон, новинарот на „“Дејли Меил“, кој сфаќа дека состојбата со коронавирусот во Србијас не е толку опасна како во САД или во Велика Британија.

„Доколку властите во Србија сметаат дека ваквите услови за публиката се безбедни, тоа е нивна одлука. Но, ме изненадува тоа што странските тенисери кои само што допатуваа се прегрнуваат, а истовремено стравуваат од УС Опен“, пишува Диксон.

Новак Ѓоковиќ и Доминик Тим на Адриа Тур/EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Поголем број тениски новинари се зачудени зашто турнирот се игра пред гледачи, но од друга страна пофалбите доаѓаат од самите актери на теренот како и од поранешни тенисери.

– Сите сакаат да се натпреваруваат на грен слем турнирите доколку тоа е возможно, но сега условите се многу тешки. Треба да останете на „ЏФК“ аеродромот две недели во карантин, што значи потребно е дојдете две недели порано, а не можете да играте и тренирате. Потоа откако ќе заврши карантинот, дозволено ќе биде да одите само во тенискиот комплекс и во хотелот. Нема да има навивачи, нема користење на соблекувалните, нема туширање или храна, исто така може да имаме само еден тренер покрај себе. Мислам дека нема многу тенисери кои би се чувствувале удобно во такви услови – вели Александер Зверев, петиот тенисер на АТП ранг листата.

Слично мислење има и Григор Димитров.
– Просто е, здравствената ситуација во Њујорк и на УС Опен мора да биде безбедна за сите актери. Здравјето мора да биде над се.

Ѓоковиќ поддршка доби и од неговиот поранешен тренер Германецот Борис Бекер кој смета дека состојбата со коронавирусот во Европа и во САД не е иста, во Европа е далеку побезбедно и дека ваквите турнири се прв чекор кон враќањето на тенисот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот