Американскиот амбасадор во Пакистан повикан на разговор по изјавата на Бајден

Пакистан и САД знаме/ Фото Ryan Rahman/Pacific Press / Shutterstock Editorial / Profimedia

Шефот на пакистанската дипломатија Билавал Буто Зардари изјави дека американскиот амбасадор во таа земја бил повикан на разговор поради изјавата на американскиот претседател Џо Бајден дека Пакистан „можеби е една од најопасните нации во светот бидејќи има нуклеарно оружје, без никаква кохезија“.

Зардари рече дека е изненаден од изјавата на Бајден и дека недоразбирањето е поради недостаток на комуникација.

Тој додаде дека одлуката да се покани американскиот амбасадор на разговори нема негативно да влијае на односите со САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот