Американките го одбранија светското злато (ВИДЕО)

twitter.com/akire2088

Американските фудбалерки на тој начин ја одбранија светската шампионска титула освоена од пред четири години.

На стадионот во Лион водство донесе Рапино која беше прецизна од белата точка во 61 минута од средбата.

Конечниот епилог го постави Лавел осум минути подоцна за вкупно четврти светски трофеј во историјата на САД.

На оваа листа на второто место е Германија со две титули, а по една имаат селекциите на Норвешка и Јапонија.

Претходно во борбата за третата позиција на СП, во Ница Шведска со 2:1 беше подобра од Англија. Аслани во 11 минута донесе предност за Шведска, зголеми Јакобсон (22`), а на спротивната страна стрелаше Кирби (31`).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот