Американецот со НБА искуство Квартермен ќе настапува за Феникс 2010

Тим Квартермен во НБА лигата настапуваше за Хјустон и Портланд/фото: facebook.com/bcfeniks2010/

Тим Квартермен е нов играч на Феникс 2010, 28-годишниот Американец кој со себе носи и НБА искуство настапувајќи за Хјустон и Портланд ќе носи „виолетово-жолто“ до крајот на сезоната.

Настапува на бековската позиција и неговото искуство ќе биде непроценливо за младите кошаркари на Феникс 2010.

Колеџ кариерата ja поминува во дресот на престижниот Универзитет на Луизијана каде во последната сезона бележи просек од 11,2 поени, 4,6 скока и 3,6 асистенции пред да замине во НБА лигата.

Покрај Хјустон и Портланд тој бележи настапи и во Џи-Лигата за филијалите на Чикаго, Нетс, Клиперс и Мајами, а има и европско искуство во Израел, како и настапи во Нов Зеланд и Мексико.

Денеска составот на Феникс 2010 во Првата македонска кошаркарска лига загуби на гостувањето кај Кожув со 97:89. После третиот пораз сезонава Феникс 2010 е на третото место со 11 бодови, два помалку од водечкиот Гостивар.

Видео на денот