Американците ја одбија понудата на газдата на Спотифај да го купи Арсенал
Навивачите на Арсенал имаат нови причини за незадоволство кон сопственикот на клубот, Стен Кренке.
Откако Арсенал беше дел од идејата да се формира европската Суперлига, но по само 48 часа заедно со останатите пет екипи се откажаа од истите, навивачите на „топчиите“ започнаа протести со кои бараа Кренке да си замине и да го продаде клубот.
Навивачите се надеваа дека основачот на Спотифај, Даниел Ек, кој е долгогодишен навивач на Арсенал, изрази желба да го купи клубот од Стен Кренке.
Ек околу себе ги собра клупските легенди како Денис Бергкамп и Тиери Анри, сакаше да ги имплементира и навивачите во управата, достави официјална понуда за купување на клубот, но беше одбиен.
Единствената реченица која семејството Кренке му ја кажа на Ек е „На нас пари не ни требаат“ со што дополнително ги разгневија навивачите на Арсенал.
И покрај одбивањето, сопственикот на Спотифај останува заинтересиран за купување на Арсенал доколку Американците одлучат да го продадат клубот.