Актуелнот европски првак во Лигата на шампионите, РК Вардар 1961 денеска од 20.45 часот во Полска ќе игра против Кјелце во мечот на колото според ЕХФ.
„Црвено-црните“ очекуваат тешко гостување кај екипата која изминатата недела триумфираше во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје со резултат 29:33.
Своите очекувања од овој напревар, вкупно петти сезонава во групата „А“, ги сподели и тренерот на клубот, Стевче Алушовски:
– Го очекуваме реваншот со Кјелце во Полска. Исто така ќе играме пред празни трибини, нормално. Анализиравме кои се нивните добри страни, и пред натпреварот во Скопје, имавме уште четири дена за да видиме каде грешевме и што можеме да поправиме. Секако дека има место и простор за напредок особено во нашата игра во одбрана каде што првпат примивме 33 голови. Нашите голмани можат многу повеќе од она што го покажаа на домашен терен.
Вујин: Ги анализиравме нашите грешки, желбата е да победиме во Полска!
Исто така и некои детали кои ќе ги промениме за играта во напад. Се надевам и мислам дека ќе одиграме еден добар натпревар во Кјелце каде што ќе покажеме дека Вардар не случајно освои три бода до сега во Лигата на шампионите и дека до 52 минута беше егал со Полјаците во Скопје. Очекувам еден неизвесен меч, со многу борба каде што не сме без шанси – вели Алушовски.
Лига на шампиони 2020/21
Група „А“
20.45 часот Кјелце-Вардар 1961
Табела:
1.Кјелце 11 бодови (седум натпревари)
2.Флензбург 9 (шест натпревари)
3.Мешков Брест 7 (шест натпревари)
4.Порто 6 (седум натпревари)
5.ПСЖ 4 (пет натпревари)
6.Вардар 1961 3 (четири натпревари)
7.Елверум 2 (четири натпревари)
8.Пик Сегед 0 (три натпревари)