Алек Болдвин и неговата сопруга Хиларија ги збунија обожавателите: За шест месеци повторно станаа родители?

Актерот Алек Болдвин и неговата сопруга Хиларија повторно станаа родители. Веста ги изненади неговите обожавателите бидејќи парот пред половина година доби син.

62-годишниот Болдвин и неговата 37-годишна сопруга Хиларија го добија своето шесто заедничко дете, потврди извор за „People“.

Двојката се пофали со среќната вест на социјалните мрежи.

7“, напиша Хиларија во описот на фотографијата на која позира со децата. Бројот седум се однесува на бројот на деца што ги има со Алек, вклучувајќи ја и неговата ќерка 25-годишна Ирланд која ја доби со неговата поранешна сопруга, актерката Ким Бесингер.

Мојот живот“, напиша актерот во неговата објава споделувајќи ја истата фотографија.

Instagram

Веста ги изненади неговите обожаватели со оглед на тоа што парот пред само шест месеци го доби синот Едуард. Јавноста не беше запознаена дека парот очекува друго дете. Полот на бебето се уште не е познат, како и дали детето е посвоено или родено од сурогат мајка.

youtube
Принтскрин / Youtube

Во секој случај, семејството на Болдвин сега е побогато со уште еден член. Актерот неодамна се пошегува дека неговата сопруга е „колекционер на бебиња“.

Им кажувам на луѓето дека мојата сопруга е колекционер. Некои собираат автомобили, некои собираат часовници или уметнички дела. Мојата собира собира бебиња. Едноставно обожава бебиња“, изјави тој во разговор со Елен Деџенерис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот