Фото: EPA/Matteo Bazzi

Алегри размислува да го напушти Милан следното лето

Тренерот на фудбалерите на Милан, Масимилијано Алегри, размислува за својата иднина во клубот по летото, незадоволен од политиката на трансфери и менаџментот на „росонерите“, објавува „СпортИталија“.

Изданието додава дека иднината на Алегри во Милан е неизвесна, бидејќи тренерот проценува каков потег да направи. Односите меѓу искусниот Алегри и менаџментот достигнаа ново дно по разочарувачките резултати против Комо и Парма.

Сепак, ова не значи дека тренерот веќе цврсто одлучил да го напушти клубот. Според информациите, Алегри ќе ги направи своите проценки во наредните месеци пред да одлучи дали да продолжи по летото.

Тој има договор со „росонерите“ до јуни 2027 година, а договорот вклучува опција за продолжување за уште една сезона.

Милан е на второто место во Серија А, 10 бода зад градскиот ривал Интер. Остануваат уште 12 кола од сезоната во Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот