АЛАРМАНТНА СОСТОЈБА ВО ЈАПОНИЈА: Се бара проширување на вонредната состојба поради ковид-19

Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Градот Осака и околните префектури бараат јапонската Влада да ја прошири вонредната состојба во градовите на западот на земјата, со цел да се спречи понатамошно ширење на новиот коронавирус.

Просечниот дневен број на нови инфекции во јапонскиот главен град Токио е над 2.000, но јапонскиот министер за економија Јасутоши Нашимира потврди дека ситуацијата во Осака, Кјото и Хјого е сериозна, па затоа се разгледува барањето на гувернерот за продолжување на вонредната состојба на запад во државата.

Владата на Јапонија прогласи вонредна состојба во Токио и трите соседни префектури во четвртокот со цел да се намали ширењето на вирусот, но засега не воведува построги мерки заради негативните последици што може да ги имаат врз економијата.

Во последните 24 часа беа потврдени уште 2.268 случаи на ковид-19 во Токио, што е трет ден по ред со повеќе од 2.000 новоинфицирани лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот