Ал Пачино: Поради перверзни причини глумев во лоши филмови!

Фотографија: Instagram

Нема никакви сомнежи дека Ал Пачино (79) во последните 15 години глумеше во прилично голем број лоши филмови, толку лоши што моравте да се запрашате зошто на тој начин ја уништува својата фасцинантна актерска кариера. Во интервју за магазинот GQ, Пачино го кажал своето објаснување, велејќи како намерно глумел во лоши филмови за да се обиде да ги направи подобри.

Ал Пачино призна дека направил лоша навика за прифаќање на улоги во лоши филмови, додавајќи „мислам дека станав малку перверзен. Сакав да глумам во филмови кои не се добри со цел да ги подобрам. И тоа ми стана предизвик“. Тогаш тој се присетил на на нешто што рекол Роберт де Ниро, а тоа е „Понекогаш ти нудат пари за да снимиш нешто што не ти одговара. И некако успеваш да се наговориш. И некаде во себе знаеш дека тој филм нема да испадне добро. А кога кругот ќе се затвори си велиш самиот на себе: А не, ќе го направам овој филм подобар. И тогаш трошиш време во тоа да го направиш филмот барем солиден, и си возбуден поради тоа. Тоа е тој имплус во мене“.

Филмот „The Irishman“ на Мартин Скорзе во кој Ал Пачино глуми со Роберт де Ниро, секак не спаѓа во тие филмови. Филмот на Нетфликс ќе започне да се прикажува на 27 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот