Аква паркот ги отвори вратите, но капацитетот е преполовен

По едно годишна пауза Аква паркот во Скопје повторно е отворен за посетители. Сепак, според протоколот за работа, на половина е ограничен бројот на гости.

– Пред отворањето на Аква паркот ни беше доставен протокол за работа од Комисијата за заразни болести. Еден од главните услови за да го отвориме Аква паркот беше да работиме со половина од капацитетот. Капацитетот е 900 посетители, но ние дозволуваме влез на само 400 посетители на ден. Исто така внимаваме на одржување на хигиената, имаме поставено средства за дезинфекција, но носењето маска не е задолжително, освен за вработените на билетара, рече денеска во УТрински брифинг, директорот на СЦ „Борис Трајковски“, Александар Петровски.

Тој нагласи дека водата секојдневно се прочистува.

– Водата секојдневно се филтрира. Ние правиме 5-6 проверки дневно за квалитетот на водата, за што работи цел тим во спортскиот центар. Исто така и Центарот за јавно здравје прави тестирања, а резултатите покажуваат дека се е во најдобар ред, што значи посетителите можат да се опуштат и безгрижно да уживаат во забавата која ја нуди Аква паркот, вели Петровски.

Оваа летна сезона има измена во цената.

– За децата до двегодишна воздраст влезот е бесплатен. За деца до седумгодишна воздраст влезот е 200 денари, додека билетот за возрасни наместо досегашните 300 денари, сега изнесува 400 денари. Жал ми е што моравме  да ја зголемиме цената, но ние самостојно се финансираме, а поради преполовениот  капацитет на работа, постоеше можност да не можеме да опстоиме, објаснува директорот на Аква паркот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот